Промоција на Протокол за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки
- Протокол за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки денеска ќе биде промовиран во детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“-објект „Пепелашка“ во општина Центар.
Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - Протокол за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки денеска ќе биде промовиран во детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“-објект „Пепелашка“ во општина Центар.
Протоколот е во издание на Асоцијацијата за детски дијабетес – „Баланс мк“, а издаден со поддршка на Министерството за здравство.
- Протоколот, всушност, претставува прв стручно изработен и рецензиран протокол за постапување наменет за 700 деца со дијабетес тип 1 во нашата земја коишто редовно посетуваат детски градинки, основни и средни училишта, а бара пошироко институционално имплементирање и прифаќање, велат издавачите.
На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.ир/аа/
Фото: „Баланс мк“