Промоција на нова книга од Атанас Георгиев
- Во ЈОУ Библиотека „Искра" во Кочани, денеска во 17 часот, ќе се одржи промоција на петтата книга на роднокрајниот автор, Атанас Георгиев, „Три во едно" или „Каде лежи зајакот", информираат од кочанската Јавна оштинска установа.
Кочани, 22 октомври 2025 (МИА) - Во ЈОУ Библиотека „Искра" во Кочани, денеска во 17 часот, ќе се одржи промоција на петтата книга на роднокрајниот автор, Атанас Георгиев, „Три во едно" или „Каде лежи зајакот", информираат од кочанската Јавна оштинска установа.
Промотори се Иван Котев и Славица Цветкова, а издавач печатницата „Европа 92“. ис/вг/
фото: плакат од Библиотека „Искра“