• недела, 17 ноември 2024

Промоција на македонските спортисти кои ќе настапат на Олимпијадата во Токио

Промоција на македонските спортисти кои ќе настапат на Олимпијадата во Токио
Скопје, 14 јули 2021 (МИА) – Во просториите на Македонскиот олимписки комитет денес беа претставени осумте македонски спортисти кои ќе учествуваат на Олимписки игри во Токио. Македонската експедиција со репрезентативци во Јапонија ќе ја сочинуваат:
  1. Блажевска Еминова Миа - пливање 100 м.
  2. Бранковски Борјан – спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол
  3. Георгиевски Дејан – таеквондо - +80 кгр
  4. Деркоски Филип – пливање 400 м.
  5. Јованоска Пулексенија – карате - ката
  6. Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил – 97 кгр
  7. Реџепи Арбреша – џудо - 52 кгр
  8. Стојоски Јован – атлетика 400 м.
Олимписки игри 2020 во Токио ќе се одржат со една година задоцнување поради пандемијата. Почетокот е закажан за 23 јули и ќе траат до 8 август. На отворањето на Игрите, македонското знаме ќе го носи Дејан Георгиевски во друштво на Арбреша Реџепи. зс/

Остани поврзан