• сабота, 05 октомври 2024

Промоција на книжевен алманах на литературниот клуб „Китка“ од Кичево

Промоција на книжевен алманах на литературниот клуб „Китка“ од Кичево
Кичево, 24 март 2021 (МИА) - Во малата сала на Центарот за култура во Кичево попладнево ќе биде промовиран книжевен алманах, дело создадено од членовите на литературниот клуб „Китка“ од Кичево. Во алманахот, издаден под покровителство на Центарот за култура„ Кочо Рацин“ - Кичево, со свои творби се застапени сите членови на литературниот клуб. -На петгодишнината од формирањето на литературниот клуб „Китка“ од Кичево, го издадовме и алманахот, резултат на наша заедничка желба и идеја. Во овој  книжевен труд ќе бидат застапени со по пет творби сите членови на клубот, Наташа Наумоска, Алексо Тришоски, Ивана Витанска, Лидија Аврамоска, Јован Миноски, Емин Ммаудоски, Милена Јованоска и јас,Оливера Ширгоска. Покрај петте творби, ќе се најде и биографијата на секој од членовите на литературниот клуб, истакна претседателката на клубот Оливера Ширгоска. Нашата повеќегодишна желба, додаде, ја валоризиравме со издавањето на овој колективен труд. -На почетокот од овој труд е воведот и кратката рецензија, за тоа како се роди идејата за формирање на клубот и реализација на алманахот, рече Ширгоска и појасни дека  промоцијата ќе биде според сите мерки и протоколи од носење на заштитни маски, држење на прописно растојание до задолжителна хигиена на рацете. Најави дека на промоцијата ќе бидат присутни сите членови на клубот и поголем број вљубеници на пишаниот збор од градот, а не ја исклучи  можноста од присуство на помал број поети и писатели од литературните клубови од соседните градови. за/вј/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан