• четврток, 26 март 2026

Промоција на Водич за перименопауза

Промоција на Водич за перименопауза

Скопје, 13 септември 2025 (МИА) - Водич за перименопауза ќе биде промовиран денеска во рамки на 21. Конгрес на Македонското лекарско друштво што се одржува во Скопје. 

Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО)  соопшти дека водичот е прв систематизиран документ во државава со јасни стандарди и насоки за матични лекари и гинеколози, со цел жените да добијат навремена, квалитетна и интегрирана здравствена грижа во оваа значајна животна фаза. Изработен е од МАГО и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА), со поддршка на мултидисциплинарна експертска група.

На прес-конференцијата по повод промоцијата, ќе се обратат проф.д-р Глигор Тофоски, специјалист по гинекологија и акушерство, проф.д-р Катарина Ставриќ – претседателка на Катедра по семејна едицина, спец.д-р Борислава Спировска, матичен гинеколог и Весна Матевска – програмска раководителка во ХЕРА.лв/мд/

фото: МИА архива 

 

Остани поврзан