Промовирано видео за подигање на јавната свест за еднаквост на глувите лица во здравствениот систем
- Клубот за демократско учество при Државниот училиштен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ објави видео за подигање на свеста за проблемите со услуги во здравствениот
Скопје ,13 април 2022 (МИА) - Клубот за демократско учество при Државниот училиштен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ објави видео за подигање на свеста за проблемите со услуги во здравствениот систем кои ги засегаат глувите лица.
Видеото е изработено на иницијатива на учениците членови на Клубот кои сакаат да придонесат за подостапни здравствени сервиси за глувите лица и на знаковен јазик. Во подготовката на видеото беа поддржани од Младински образовен форум, Млад знак и Фондација за демократија на Вестминстер.
Подготовката на ова видео е поддржана од Иницијативата за демократија на Западен Балкан, програма на Фондацијата за демократија на Вестминстер.
Покрај ова, Клубот се обрати и до Министерството за здравство со соодветни препораки за подобрување на услугите од здравствениот систем и барање за одржување на состанок. Предложените препораките се однесуваат на подигање на јавната свест за еднаквост во здравствениот систем, соодветна информираност на здравствените работници за комуникација со глуви пациенти, ангажирање толкувач на знаковен јазик при Министерството за здравство, идентификациски картон за глув пациент и неговата состојба и воведување технолошки иновации за повик на 112. ијд/сп/