Промовирана публикацијата „Коментар на Законот за општата управна постапка“
- Во обраќањето на промоцијата на публикацијата „Коментар на Законот за општата управна постапка“, Минчев истакна дека ЗОУП е еден од најзначајните системски закони во македонската легислатива, бидејќи, како што нагласи, ги уредува односите меѓу граѓаните и јавната администрација во сите фази од животот, како и работата на сите државни органи и институции со јавни овластувања.
Скопје, 5 фебруари 2026 (МИА) - Коментарот на Законот за општата управна постапка претставува неопходна практична алатка за службениците во јавната администрација, која придонесува за законска, стручна и предвидлива примена на Законот и ја зајакнува правната сигурност на граѓаните, рече денеска министерот за јавна администрација, Горан Минчев.
Во обраќањето на промоцијата на публикацијата „Коментар на Законот за општата управна постапка“, Минчев истакна дека ЗОУП е еден од најзначајните системски закони во македонската легислатива, бидејќи, како што нагласи, ги уредува односите меѓу граѓаните и јавната администрација во сите фази од животот, како и работата на сите државни органи и институции со јавни овластувања.
Министерот ја нагласи посебната вредност на публикацијата.

-Публикацијата претставува значајно стручно дело од областа на управното право и практичната примена на Законот за општата управна постапка (ЗОУП), а е резултат на заедничка работа на еминентни теоретичари и практичари од областа на управното право, подвлече Минчев.
Министерството за јавна администрација наведува дека ја поддржува и ја препорачува публикацијата за широка употреба во јавната администрација, како значаен придонес кон унапредување на квалитетот на управните постапки и услугите кон граѓаните. мч/вј/
Фото: МЈА