Промовирана книгата „Повест за Рушка“ од Драгослав Ортаков во рамки на манифестацијата „Гевгелија - Град на културата“
- На датумот на раѓањето на македонскиот композитор Драгослав Ортаков (1928-2007), 22 април, беше промовирана неговата последна книга „Повест за Рушка“. За книгата, процесот на нејзиното објавување, нејзината приказна и атмосфера зборуваше промоторот Христо Петрески.
Гевгелија, 24 април 2025 (МИА) - На датумот на раѓањето на македонскиот композитор Драгослав Ортаков (1928-2007), 22 април, беше промовирана неговата последна книга „Повест за Рушка“. За книгата, процесот на нејзиното објавување, нејзината приказна и атмосфера зборуваше промоторот Христо Петрески.
Разговорот за приказната, нејзините автобиографски елементи, значењето на поимот „Рушка“, но и по однос на други прашања го продлабочи професорот на Факултетот за музичка уметност Бојан Ортаков, кој се присети и на голем број анегдоти поврзани со животот и делото на својот татко, особено на неговата нераскинлива врска со родната Гевгелија.
На настанот, како печат, се издвои и неговиот „Тропар Богородичен“, а публиката имаше прилика да слушне и интервју во кое Драгослав Ортаков одговара на повеќе прашања.
Настанот е дел од „Гевгелија – Град на културата 2025“, а беше отворен со настап на градскиот хор „Гортинија“ под водство на Илија Атанасов, по што се обрати и директорот на библиотеката Стефан Марковски.рт/цр
Фото: Библиотека Гевгелија