• петок, 19 јули 2024

Промовирана интернет-страницата на Трамп

Промовирана интернет-страницата на Трамп
Вашингтон, 30 март 2021 (МИА) - Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп отвори сопствена интернет-страница www.45office.com, со цел да остане во контакт со своите приврзанци и да ги презентира достигнувањата на својот мандат. На почетната страница има повеќе фотографии од Трамп со познати личности, како и со неговата сопруга Меланија. - Канцеларијата на  Доналд Трамп е посветен на зачувување на славниот период од неговата администрација, истовремено промовирајќи ја програмата „Америка  на прво место“, се наведува на  почетната страница. На сајтот исто така се прикажани и постигнувањата на Трамп, вклучително во енергетскиот сектор и безбедноста на границата, зајакнувањето на НАТО и неговата борба против пандемијата со Ковид-19. На страницата не се спомнуваат скандалите, истрагата за корупција, двата обиди за отповикување на Трамп. ми/

Тагови

Остани поврзан