• вторник, 30 декември 2025

Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во ноември зголемен за 6.5 %

Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во ноември зголемен за 6.5 %

Скопје, 30 декември 2025 (МИА) - Во ноември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 6.5 %, објави Државниот завод за статистика.

Во трговијата на мало во ноември 2025 година, во споредба со ноември 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 13.7 %, а реално за 6.5 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 5.6 %, а реално за 1.5 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 9.5 %, а реално за 3.9 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 5.7 %, а номинално за 6.9 %. са/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан