• понеделник, 16 септември 2024

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од среда се очекуваат наместа пообилни и поројни врнежи.вј/мд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан