• среда, 19 февруари 2025

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд

Скопје, 16 февруари 2025 (МИА) - Претпладне денеска по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.  Кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 10 степени.

Според пргнозата на УХМР, утре (понеделник) времето ќе биде облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд и услови врнежите повремено да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

-Од вторник ќе има постепено разведрување, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи. хс/цр

Фото: МИА архива 

Остани поврзан