• вторник, 25 јуни 2024

Пролетна акција за чистење на Скопска Црна Гора

Пролетна акција за чистење на Скопска Црна Гора
Скопје, 20 март 2022 (МИА) - Акција за чистење на Скопска Црна Гора ќе биде организирана денеска на која се очекува да се приклучат над 300 учесници, меѓу кои двете основни училишта од Сандево и Кучевиште како главни носители на акцијата. Ќе се придружат и планинарските здруженија „Скопска Црна Гора" и „Убавините на Скопска Црна Гора", извидничко здружение „Сидро", претставници на фирмата „Аура", како и индивидуалци љубители на природата. Иницијативата е на Мери Аницин Пејоска, а идејата е да се смени свеста и да се даде пример за вакви граѓански иницијативи. Организаторите се надеваат дека акцијата како апел ќе допре до одговорните во државата за итно и систематско дејствување. - Најпрво очекуваме основни предуслови, како контејнери и канти по патиштата и паркинзите, со цела логистика за собирање, табли за потсетување или предупредување, соопштија иницијаторите на акцијата за чистење на Скопска Црна Гора. цр/хс/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан