• вторник, 23 април 2024

Пролетна акција за пошумување во населбата Саат кула во Неготино 

Пролетна акција за пошумување во населбата Саат кула во Неготино 
Неготино, 25 март 2023 (МИА) - Пролетна акција за пошумување беше реализирана денеска во населбата Саат кула во Неготино.  
 
- Го искористивме пријатното и сончево време заедно со вработените во општинската администрација и вработените во Јавното претпријатие „Комуналец“. Посадивме значителен број садници липа и бреза со што придонесуваме за раззеленување на овој простор со хортикултурно уредување, рече неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. 
 
Тој додаде дека во наредниот период планирана е замена на постоечките исушени дрвја и засадување на нови соодветни видови, а ќе се продолжи со активности за пошумување и на други локации во општината Неготино. свд/мд/
 
Фото : Општина Неготино

Остани поврзан