• понеделник, 23 декември 2024

ПроКредит Банка со голема акција за пошумување на голини во реонот на Свети Николе

ПроКредит Банка со голема акција за пошумување на голини во реонот на Свети Николе
ПроКредит Банка како општествено одговорна компанија продолжува со организација и реализација на зелени активности, како дел од иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам. На 11ти ноември организиравме трета голема акција за пошумување во соработка со ЈП Национални Шуми. Пошумување се изврши во регионот на Свети Николе, кој важи за предел со слаби врнежи и недоволна покриеност со шума. „Оваа акција за садење дрва е под иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам, со која го заокружуваме есенските активности за пошумување на зелени површини во 2021 година. Засадивме 3.800 садници од дрвниот вид Аризонски Чемприс и Црн Бор на површина од 1,5 хектари заедно со ЈП Национални Шуми. Кампањата #СеГрижамДелувамМенувам е платформа која опфаќа разновидни активности во доменот на зачувување на животната средина во борба против климатските промени. Грижата за околината во која живееме и работиме е наш приоритет и сакаме преку нашиот личен пример да ги мотивираме и поттикнеме сите општествено одговорни компании да ни се приклучат за заедно да го намалиме негативното влијание кое го имаме кон животната средина.“ – Изјави Методија Миноски раководител на одделот за животна средина во ПроКредит Банка.   ____________________________________________________________________________   MИА - ОТС Комерцијални соопштенија   Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.  

Остани поврзан