• вторник, 25 јуни 2024

Проекција на документарецот „Генерација: Буњуел, Лорка, Дали“ во МСУ

Проекција на документарецот „Генерација: Буњуел, Лорка, Дали“ во МСУ
Скопје, 14 мај 2022 (МИА) - По повод Ретроспектива на филмови на култниот француски режисер Луис Буњуел, што ќе се одржи во рамки на овогодинешното 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ) од 19 до 27 мај во Кинотеката, денеска во Музејот на современа уметност Скопје ќе се одржи настан на кој ќе се обратат Слаѓан Пенев од Филозофскиот филмски фестивал и амбасадорот на Шпанија во Скопје, Хосе Луис Лосано Гарсија. Воведно обраќање ќе има д-р Иван Џепароски, професор по естетика на Филозофскиот факултет, по што ќе следува проекција на документарниот филм „Генерација: Буњуел, Лорка, Дали“ (Generación: Buñuel, Lorca, Dalí, 2018) во режија на Хавиер Еспада и Алберт Монтон. Целосната годинешна програма на Фестивалот, ќе биде дополнително соопштена на прес-конференција на 17 мај. ФФФ се реализира со поддршка на Агенцијата за филм, Министерството за култура и Град Скопје, а е во ко-организација на Филозофскиот факултет при УКИМ и во соработка со Кинотеката. вг/сп/

Остани поврзан