Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ продолжува со зборовите на Христо Татарчев
- Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ продолжува со зборовите и визијата на Христо Татарчев, еден од основачите на Македонската револуционерна организација (МРО) и прв претседател на Централниот комитет.
Скопје, 3 ноември 2025 (МИА) - Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ продолжува со зборовите и визијата на Христо Татарчев, еден од основачите на Македонската револуционерна организација (МРО) и прв претседател на Централниот комитет.
Роден е на 16 декември 1869 година во Ресен, потекнувал од богато трговско и банкарско семејство. Се школува во Пловдив, Цирих и Берлин. Поради својата револуционерна дејност во 1901 година бил притворен и осуден на заточеништво во Бодрум Кале. Во 1902 година е помилуван и заминува во Софија кадешто како задграничен претставник на МРО, заедно со Христо Матов, се согласува со потребата од кревање на Илинденското востание.
Во постилинденскиот период неговото влијание се намалува и постепено се повлекува од револуционерната дејност.
Умира на 2 јануари 1952 година во Торино, Италија, наведува весникот. вг/
Фото: Архивска фотографија