• сабота, 16 ноември 2024

Продолжува дистрибуцијата на хуманитарни пакети во опожарените подрачја во делчевско

Продолжува дистрибуцијата на хуманитарни пакети во опожарените подрачја во делчевско
Делчево, 8 јануари 2021 (МИА) - Во Делчево продолжува дистрибуцијата на хуманитарни пакети наменети за семејства од социјален ризик, како дел од помошта на Црвениот крст на Република Северна Македонија, наменета за опожарените подрачја кои изминатото лето го зафатија Пијанечкиот регион.
-По претходно извршена детекција на лицата кои се во социјален ризик, Општинската организација на Црвен крст Делчево заедно со своите волонтери, достави хуманитарни пакети во повеќе населени места кои беа зафатени од пожарите. Се надевам дека помошта ќе биде добредојдена за време на празниците, истакнаа од Црвен крст.
Со акцијата се опфатени социјално-загрозени лица од селата Разловци, Нов Истевник, маалата Балабанци, Курачко маало, Пасјак и други населени места кои беа зафатени со пожари.
Во рамки на акцијата на мештаните им беа дострибиурани пакети со храна како и хигиенски производи. вс/са/

Остани поврзан