• четврток, 14 ноември 2024

Продолжува асфалтирањето во индустриската зона во Куманово

Продолжува асфалтирањето во индустриската зона во Куманово
Куманово, 29 октомври 2020 (МИА) - Продолжува асфалтирањето на инфраструктурата во новата индустриска зона „Новине“ и „Речица“, информираше, денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Претходно, на локацијата беше поставена атмосферска канализација. Владата вложи 24 милиони денари во подземна инфраструктура. - Во септември, годинава почна изградбата на главниот пат со средства во износ од три милиони денари, заштедени по пат на јавни набавки. Поставувањето на примарната инфраструктура им овозможува на стопанствениците да купат парцела во уредена зона, а општината може да очекува развој преку вложувањата на бизнис-заедницата. Во овој период се подготвува план за да се дадат парцелите на јавно наддавање. Интерес за купување парцели има од домашните инвеститори, информираше на последната прес-конференција Димитриевски. Зоната се наоѓа на атрактивна локација во непосредна близина на автопатот „Пријателство“ Е-75 кон Табановце, (во близина на село Речица) на само пет километри од српската граница и е во близина на двата коридори 8 и 10. Таа е урбанистички уредена за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици, сместувачки капацитети, сервиси и стоваришта. ам/аа/

Остани поврзан