• сабота, 23 ноември 2024

Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош

Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош
Скопје, 21 мај 2022 (МИА) - Реконструкцијата на пешачката патека на улицата „Љубљанска“ е во тек, а екипите на ЈП Улици и патишта деновиве го асфалтираа потегот од улицата „Волгоградск“ кон улицата „Разловечко востание“, на површина од 550 квадратни метри. - Пешачката патека се реконструира на вкупна површина од 2300 квадратни метри, во насока од булевар „Партизански одреди“ до булеварот „Илинден“, а досега се реконструирани и асфалтирани околу 1000 квадратни метри. Во наредниот период, градежните активности продолжуваат на потегот од улицата „Разловечко востание“ до булевар „Илинден“, соопштија денеска од Град Скопје. Со обновувањето на пешачката патека, се наведува во соопштението, ќе се олесни движењето на пешаците на овој потег и ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот во овој дел на градот. цр/

Остани поврзан