• понеделник, 02 февруари 2026

Продолжуваат градежните активности во манастирот „Источен Петок-Балаклија“ во Добра Вода

Продолжуваат градежните активности во манастирот „Источен Петок-Балаклија“  во Добра Вода

Кочани, 2 февруари 2026 (МИА) - Во манастирот „Источен Петок Балаклија“ во местото викано Добра Вода кај кочанската населба Оризари во тек се подготовките за бетонирање на втората плоча од манастирската кујна. 

Активностите се дел од континуираните напори за доизградба и уредување на манастирскиот комплекс кој се наоѓа во близината на кочанската населба Оризари.

До сега, реализацијата на планираните зафати се одвива постепено и согласно утврдената динамика, информираат од црковниот одбор.

Над манастирската кујна ќе се гради и конак со три простории за престој, а ќе се уредува и дворната површина на манастирот.

Средствата се обезбедени од донатори кои потекнуваат од Оризари и Кочани. Некои од нив работат во странство, дел се претставници на општествено одговорни фирми и физички лица.

Градежните работи на овој црковно – верски објект започнаа во ноември минатата година, а се очекува да завршат во првата половина од оваа година.ис/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан