• петок, 22 ноември 2024

Продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски

Продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски

Куманово, 31 мај 2024 (МИА) - Во основниот суд Куманово, денеска продолжи рочиштето во кое е обвинет кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за злоупотреба на службена положба и овластувања, по кривична пријава поднесена од кумановските градежни фирми за случај со недобивање дозволи за градење згради во Куманово.  

Прифатени беа одлуките на Управниот суд, постапката која се водела во системот за е-градежни дозволи во општина Куманово, судијата дополнително ќе се произнесе за вештото лице.

Две градежни компании од Куманово „УПМ-ГРУП“ ДООЕЛ и „ХРОМАК Емил“ ДООЕЛ, сметаат дека Димитриевски ја злоупотребил функцијата градоначалник и ги оштетил, бидејќи истиот состав на совет и градоначалник во 2021 изгласале ДУП во кој сакале да вложат двајцата инвеститори, подоцна истиот совет, на предлог на градоначалникот донел нова одлука за суспензија на ДУП-от кој  се однесува на парцела во близина на гимназијата и школската амбуланта.

Димитриевски на првото рочиште (арпил 2024) обвини за политички процес, нагласи дека го штити јавниот интерес и рече дека обвинението е монтирано и има за цел да го наруши неговиот дигнитет.

На наредните закажани рочишта на 17 и 19 јуни, годинава ќе се изведуваат вербални докази, делумно предложени и од обвинителството и од одбраната. ам/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан