Продолжи поставувањето на полуподземни контејнери во Куманово
- Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ продолжи со поставување на полуподземни контејнери за комунален смет на различни локации во општина Куманово, соопштија на денешната прес-конференција надлежните од претпријатието. Во наредниот период ќе бидат поставени нови контејнери на вкупно десет локации.
Куманово, 7 јули 2025 (МИА) - Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ продолжи со поставување на полуподземни контејнери за комунален смет на различни локации во општина Куманово, соопштија на денешната прес-конференција надлежните од претпријатието. Во наредниот период ќе бидат поставени нови контејнери на вкупно десет локации.
- Освен што имаат многу поголема зафатнина од обичните пет пати поголемо, праксата покажа дека нема расфрлан отпад околу нив. Апелираме да се сочуваат, изјави директорот на ЈП, Ненад Стојановски.

Полуподземните контејнери одат во пар и имаат значителен капацитет за собирање на смет, поедноставни се за одржување и се скратува времето на собирање на сметот со возилата на ЈП „Чистота и Зеленило“, што пак придонесува да не се создава сообраќаен метеж. Овие садови за смет имаат капацитет од пет кубни метри и заменуваат шест обични контејнери.
Надлежните апелираа до граѓаните да не ги оштетуваат садовите за смет, а пак инспекциските служби да ги казнат несовесните кумановци.
Во Куманово досега има поставено над 120 полуподземни контејнери. Целта на претпријатието е целосно да се заменат обичните со полуподземни контејнери. ам/дма/
Фото: МИА и Општина Куманово