Продолжи натпреварот Данска – Финска
- Натпреварот во рамки на ЕУРО2020 меѓу репрезентациите на Данска и Финска продолжи вечерва во 20:30 часот по 90-ет минутен прекин, откако данскиот фудбалер Кристијан Ериксен колабираше на тере
Копенхаген, 12 јуни 2021 (МИА) – Натпреварот во рамки на ЕУРО2020 меѓу репрезентациите на Данска и Финска продолжи вечерва во 20:30 часот по 90-ет минутен прекин, откако данскиот фудбалер Кристијан Ериксен колабираше на теренот во финишот на првото полувреме.
На барање на двете репрезентации, откако пристигнаа вести дека Ериксен е во стабилна здравствена состојба, УЕФА даде согласност по вечерашниот итен состанок најпрво да се доиграат преостанатите пет минути од првото полувреме, по што ќе следи петминутна пауза пред стартот на второто полувреме.
Воведниот натпревар во рамки на групата Б на ЕУРО2020 беше прекинат во 41. минута кога Ериксен одеднаш колабираше на теренот, а лекарската служба веднаш почна со негова реанимација.
Додека траеше лекарската интервенција, соиграчите го опкружија телото на Ериксен за да ги спречат камерите да снимаат, но можеше да се забележи дека медицинскиот тим е во постапка на реанимација.
Данските и финските репрезентативци, како и навивачите, останаа шокирани од сцените, а на лицата на многумина можеа да се забележат и солзи. ег/сд/