• петок, 05 декември 2025

Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари

Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари

Скопје, 17 јули 2025 (МИА) - Владата на Република Северна Македонија информира дека поради силниот интерес и позитивниот одзив на граѓаните рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање на 400 пожарникари низ државата се продолжува до 23 јули.

-Одлуката за продолжување на рокот е донесена со цел да им се даде можност на што поголем број заинтересирани граѓани да аплицираат, особено имајќи предвид дека станува збор за значајна мерка која директно го засилува капацитетот на системот за заштита и спасување, особено во пресрет на летната сезона и зголемениот ризик од пожари, стои во соопштението од владата.

Оттаму потенцираат дека мерката која произлегува од Планот за вработување 2025, претставува системско и суштинско вложување во јавната безбедност и грижа за граѓаните и директно одговара на долгогодишниот недостаток на кадар во противпожарните единици.

-Владата останува посветена на создавање функционален, брз и ефикасен систем за заштита, а ги повикуваме граѓаните  да ја искористат можноста и да аплицираат. Повикот е отворен за сите квалификувани лица, а сите детали за аплицирањето се достапни на веб- страните на општините, дополнуваат од Владата. ар/дма/


Фото:МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан