• петок, 22 ноември 2024

Продолжен рокот за аплицирање за доделување месечни надоместоци на самостојни уметници за 2024 година

Продолжен рокот за аплицирање за доделување месечни надоместоци на самостојни уметници за 2024 година

Скопје, 2 декември 2023 (МИА) - Министерството за култура, поради големиот интерес, а на барање на апликантите, го продолжи рокот за аплицирање на Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојни уметници за 2024 година, до 3-ти декември (недела), до 23:55 часот, информираат од Министерството за култура.

Конкурсот беше отворен на 1 ноември и требаше да трае до 1 декември 2023 година.

Пријавувањето на Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојни уметници за 2024 година се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.

Министерството објави и водич за електронско пријавување.

Со конкурсот се обезбедуваат средства од Буџетот на Република Северна Македонија за самостојните уметници, како месечни надоместоци  за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за данокот на личен доход на самостојните уметници. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан