Продажните цени на производителите на индустриски производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво
- Во јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 0,2 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 0,6 процента. Во однос на странските пазари, пак, продажните цени на производителите на индустриски производи на месечно ниво се пониски за 0,2 отсто, а на годишно за 1,4 проценти.
Скопје, 11 август 2023 (МИА) - Во јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 0,2 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 0,6 процента. Во однос на странските пазари, пак, продажните цени на производителите на индустриски производи на месечно ниво се пониски за 0,2 отсто, а на годишно за 1,4 проценти.
Во јуни 2023, во споредба со мај 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија остануваат непроменети, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0,2 процента. Во јуни 2023, во споредба со јуни 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 18,4 отсто, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 1,1 процент и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 17,1 отсто.
Според Државниот завод за статистика, во споредба со мај 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,2 процента. Во споредба со јуни 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 20,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,4 проценти. мч/са/
фото: МИА архива