• недела, 22 декември 2024

Продажбите на стоки за широка потрошувачка во САД зголемени повеќе од двојно 

Продажбите на стоки за широка потрошувачка во САД зголемени повеќе од двојно 

Вашингтон, 17 ноември 2021 (МИА) - Продажбите на стоки за широка потрошувачка во октомври се зголемиле повеќе од двојно, јавија од Министерството за трговија на САД, а тоа укажува дека американските потрошувачи не ги засега растот на цените и инфлацијата во престоечката сезона на празници. 

Растот на продажбите во октомври изнесувал 1.7 отсто, повеќе од двојно од септемврискиот резултат кој изнесувал 0.8 отсто.  

Според податоците од министерството, продажбите растат веќе трети месец по ред.  

Директорот на Националниот економски совет на Белата куќа, Брајан Диз, го подвлече поволниот резултат со изјавата дека американските семејства „го распознаваат растот на расположливите доходи, а продавниците и рестораните имаат на располагање доволно залихи способни да ја поткрепат обновата“. 

Тоа денеска го потврдија Волмарт и Таргет, едни од најголемите малопродажни ланци во САД, кои соопштија дека нивните складишта и залихи се полни во очекување на празничните продажби што традиционално започнуваат на „црн петок“, веднаш по празникот Денот на благодарноста, или последниот четврток во ноември. кб/ сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан