• петок, 14 март 2025

Прогласени добитниците на 11. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања

Прогласени добитниците на 11. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања

Љубљана, Словенија, 14 март 2025г. – На свечена церемонија во Љубљана, беа прогласени деветте победници на 11. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања (IMA) со кои се наградуваат извонредните научноистражувачки достигнувања на лекарите и фармацевтите од единаесет земји во Централна и Источна Европа. Почесен говорник на церемонијата беше Д-р Наташа Пирц Мусар, Претседателка на Република Словенија.

Победници на 11. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања, International Medis Awards for Medical Research, се: Дамијан Мајерсбург, Дерматологија; д-р Марија Ровчанин, Гинекологија; д-р Мартин Балик, Интензивна нега и анестезиологија; д-р Хана Мојжишова, Неврологија; д-р Јурај Тимкович, Офталмологија; д-р Аља Кавчич, Педијатрија; м-р Драгана Милаковиќ, Фармација; д-р Александра Плавшиќ, Пулмологија и алергологија; и д-р Ана Банко, Ревматологија.

На конкурсот за 11. Меѓународни Медис награди учествуваа лекари и фармацевти кои ги објавиле своите научноистражувачки трудови во реномирани научни списанија со фактор на влијание, импакт-фактор повисок од 1,500. Годинава пристигнаа 251 апликации од Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Северна Македонија, Словачка, Словенија и Србија. 197 апликации ги исполнија сите високи критериуми за номинација за Меѓународните Медис награди.

Претседателот на Меѓународната стручна комисија, проф. д-р Борут Штрукељ, м-р по фармација, се осврна на пристигнатите истражувања и високите критериуми за номинација: „По единаесетти пат, Меѓународната стручна комисија разгледува извонредни научни трудови. Оваа година ја проширивме иницијативата за да вклучиме автори и од Чешка и Словачка. Им честитам на сите автори чии истражувања ги исполнија високите стандарди потребни за објавување во најпрестижните научни списанија и ги охрабрувам сите да продолжат со својата научна работа и во иднина.“

Тоне Стрнад, м-р по фармација, основач на Меѓународните Медис награди и компанијата Медис, на настанот изјави: „Меѓународните Медис награди прераснаа во горда традиција, растејќи во значењето и признанијата секоја година. Нашата цел е да ги промовираме достигнувањата на лекарите и фармацевтите кои спроведуваат истражувања паралелно со нивната секојдневна работа со пациентите. Инспиративно е да се следи растот на оваа визија.“

Во текот на единаесет години на Меѓународните Медис награди има пријавено 54 научно-истражувачки трудови на лекари и фармацевти од Македонија, 6 научни труда имаат влезено меѓу финалистите, од кои пет се добитници на наградата. Тоа се Савица Марковиќ Станоеска од областа на педијатријата, Весна Гривчева-Пановска за пулмологија и алергологија, Тања Николова за гинекологија, Фанка Гилевска за офталмологија и минатогодишната добитничка на наградата Марија Бабуновска во областа на неврологијата.

 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан