• недела, 22 декември 2024

Пробен лет на такси-летало во Ерусалим

Пробен лет на такси-летало во Ерусалим

Ерусалим, 14 септември 2023 (МИА) - Кинеската компанија за производство на лесни авиони, „КАНДО“ изврши тестирање на тн. летачко такси, во Ерусалим, Израел. Се работи за самоуправувачко електрично летало што во иднина треба да служи за превоз на патници.

- Израелската управа за иновации од 2019 година активно работи на воведување такси-летала во сообраќајот, коишто би служеле не само за превоз на патници, туку и за пренос на товар. Она што го гледате е воздушно такси коешто во иднина ќе може да превезува луѓе од едно место до друго, објасни Даниела Партем, директорка на Управата.

Како што беше нагласено, Израел досега има извршено повеќе од 20.000 пробни летови, но вчерашниот лет беше и првиот на којшто можеа да бидат присутни медиумите.

Програмата за летачки такси предвидува инвестиција од скоро 15 милиони евра и е поддржана од неколку државни и приватни компании. Директорката нагласи дека такси-леталата ќе значи и економски исплатлив пазар.

- Значи, ако сакате да летате со воздушно летало за медицинска употреба или да доставувате храна, ќе може да го правите тоа, изјави таа.

Покрај Израел, пробни летови со такси-летала извршија и други земји. Франција најави слични експерименти за следната 2024 година.  си/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан