• четврток, 26 март 2026

При украински напад загина заменик началникот на руската морнарица, генерал-мајор Гудиков

При украински напад загина заменик началникот на руската морнарица, генерал-мајор Гудиков

Москва, 3 јули 2025 (МИА) – Заменик-началникот на руската морнарица, генерал-мајор Михаил Гудков е убиен во рускиот Курски регион, изјави денеска гувернерот Приморски крај, Олег Кожемјако.

Неофицијално на Телеграм е објавено дека Гудков загинал заедно со уште 10 руски војници во украински напад врз команден пункт во Коренево, во рускиот Курски регион што граничи со Украина.

Гудиков е еден од највисоко рангираните убиени руски воени офицери од почетокот на целосната руска инвазија во 2022 година.

Генерал Гудков беше награден за храброст за учество во војната во Украина, а од страна на Киев е обвинет за воени злосторства. Тој на функцијата заменик-началник на руската морнарица беше назначен во март.

Досега, ниту руското ниту украинското Министерство за одбрана не го коментираа загинувањето на Гудиков. ми/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан