При полициски контроли на 160 локации одземени 18 парчиња оружје и приведени 10 лица
- Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, во координација со Државниот пазарен инспекторат, денеска спроведоа акциска контрола, при што се одз

Скопје, 30 јануари 2022 (МИА) - Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, во координација со Државниот пазарен инспекторат, денеска спроведоа акциска контрола, при што се одземени 18 парчиња оружје и 111 парчиња муниција.
Како што соопошти МВР, акциска контрола е спроведоа на подрачјето на целата држава во периодот од 04:00 до 08:00 часот, со цел санкционирање на кривични дела и прекршоци поврзани со Законот за оружје, Законот за ловство, Кривичниот законик и др.

Во рамки на акцијата се извршени контроли на 160 локации на подрачјето на сите сектори за внатрешни работи, при што се приведени 10 лица, а лишени од слобода се пет лица кои не ги почитувале горенаведените законски одредби.
- Во рамки на контролата утврдени се шест кривични дела од кои пет по член 396 од Кривичниот законик – за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и 1 по член 215 од Кривичниот законик - за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Констатирани се и 23 прекршоци од кои 17 по Законот за оружјето и Законот за ловство, додека 6 прекршоци се однесуваат на други закони, соопштија од МВР.
Против сите лица кои сториле прекршок или кривично дело, по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава. фф/сп/