• сабота, 04 мај 2024

Пријави за повеќе оштетени автомобили од невремето со град во Драчево

Пријави за повеќе оштетени автомобили од невремето со град во Драчево

Скопје, 23 јули 2023 (МИА) - Големото невреме проследено со обилни врнежи од дожд и од град што попладнево го зафати Скопје, направи големи штети и во Драчево и околината на Кисела Вода. 

Од општината информираа дека имало многу повици за оштетени автомобили и домови и оти на терен изгледел општинските служби и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. 

На располагање се  дежурни телефони каде граѓаните кои имаат проблем, можат да се јават и да пријават: 071391250 или 070259942.

-Имавме доста повици за уништени автомобили и домови каде што веднаш интервениравме. За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди но можеме да бидеме рака под рака со граѓаните и заедно да го поминеме ова. Да ги санираме штетите и да делуваме таму каде што е најпотребно. Заедно со екипите сме на терен и остануваме таму сѐ додека секој дом не биде овозможен за живеење. Сите служби сме на располагање, вклучувајќи ме и мене и ве повикувам сите кои имате било каков проблем и потреба да се јавите на: 071391250 или 070259942. Ние заедно ќе го пребродиме и ова, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.лв/

  • фото: Општина Кисела вода

Остани поврзан