• петок, 22 ноември 2024

Причината за смртта на Метју Пери може да остане неутврдена со недели

Причината за смртта на Метју Пери може да остане неутврдена со недели

Лос Анџелес, 30 октомври 2023 (МИА) - Причината за смртта на американскиот глумец Метју Пери ќе биде позната откога Округот Лос Анџелес ќе ја приведе истрагата до заклучок, а тоа би можело да потрае со недели, според соопштението на судските вештаци во Калифорнија.

Пери почина во саботата на 54-годишна возраст. Пронајден е мртов во топла када полна со вода, во својот дом во Лос Анџелес. Обдукцијата е извршена, но инспекторите ги чекаат и резултатите од токсиколошките испитувања за да ја утврдат точната причина за смртта. Причината за смртта, официјално, засега е „неутврдена“, пренесува „Си-ен-ен“.

„Во случај кога причината за смртта не може да се утврди со обдукција, се издава потврда за 'неутврдено', сѐ додека не се завршат дополнителните испитувања“, се вели во соопштението на судскиот вештак од Лос Анџелес.

Истрагата треба да покаже дали во неговото тело имало супстанции што би можеле да ја предизвикаат смртта на глумецот.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан