• петок, 05 декември 2025

Притвор за тетовец осомничен за посредување при вршење проституција

Притвор за тетовец осомничен за посредување при вршење проституција

Скопје, 26 јули 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 48-годишник осомничен за кривично дело – Посредување при вршење проституција од член 191 став 2 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРСМ, осомничениот делото го вршел во неколку наврати во последните два месеци, обезбедувајќи клиенти за 23-годишна косовска државјанка сместена во неговиот мотел. Таа сексуалните услуги ги наплаќала, а поголемиот дел од заработката му го давала на осомничениот.

По предлог на јавниот обвинител на осомничениот му е определена мерка притвор, додека жртвата е сместена во транзитен центар за странци до завршување на постапката. ев/вј/

ФОТО: Архива 

 

Остани поврзан