• недела, 22 декември 2024

Притвор за битолчанец за нанесување тешка телесна повреда

Притвор за битолчанец за нанесување тешка телесна повреда

Скопје, 26 јули 2023 (МИА) - Триесетдневен притвор му одреди Судот на битолчанец кој завчера со нож му го расекол стомакот на едно лице и му го довел животот во опасност.

За случајот, Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда.

- Осомничениот, на 24 јули, пред куќа на улицата „Сотир Брбевски“ во Битола, без особен повод или причина, со нож прободел и расекол едно лице во абдоменот, нанесувајќи му повреди на мускулатурата на предниот абдоминален ѕид и на тенкото црево, со што го довел во опасност животот на оштетениот, информираат од ЈО.

Оттаму, соопштуваат дека јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил и предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице, сметајќи дека постојат законски основи за притворска мерка.

-Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, известуваат од ЈО. ир/ев/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан