• среда, 17 декември 2025

Притворот на тројцата активисти на СНС кои во крајот на мај нападнаа студенти е укинат

Притворот на тројцата активисти на СНС кои во крајот на мај нападнаа студенти е укинат

Белград, 2 јуни 2025 (МИА) - Вишиот суд во Нови Сад  им го укина притворот на обвинетите кои нападнаа студенти во блокада во Нови Сад во ноќта меѓу 27 и 28 јануари.
Притворот им е укинат на Стефан Којовиќ, Никола Благојевиќ и Данило Раичевиќ, додека притворот на обвинетиот Немања Деспотовиќ е заменет со мерка домашен притвор со употреба на електронски надзор, соопшти судот.
При донесувањето на одлуката, судот зел предвид дека тие биле во притвор повеќе од четири месеци за кривични дела за кои се спроведува скратена постапка.

Тие физички нападнаа двајца млади мажи и три девојки во Нови Сад во ноќта помеѓу 28 и 29 јануари, и  во таа прилика, една девојка беше тешко повредена, а студент беше полесно повреден.

Апелацискиот суд во Нови Сад во крајот на мај  го укина притворот на Младен Цвијетиќ, Срѓан Ѓуриќ и Давор Стефановиќ, кои се студенти во блокада, обвинети за обид за соборување на уставниот поредок на Србија. Судот ја поништи одлуката на Вишиот суд во Нови Сад, им го укина притворот и им одреди куќен притвор со електронски надзор.

На 20 мај, Апелацискиот суд го укина притворот на Марија Васиќ, Ладо Јововиќ и Лазар Диниќ и им одреди куќен притвор. зш/

Остани поврзан