• недела, 22 декември 2024

Пристигна авионот на бугарската црковна делегација од Ерусалим

Пристигна авионот на бугарската црковна делегација од Ерусалим
Софија, 1 мај 2021 (МИА) – Владиниот Фалкон, кој пристигна од Ерусалим, штотуку слета во Софија. Во него беше бугарската црковна делегација предводена од митрополитот врачански Григориј, заедно со нив беше министерот за финансии на Бугарија во оставка Ананиев и директорот на Дирекцијата за религии при Советот на министри Емил Велинов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, црковната делегација од Ерусалим донесе дел од благодатниот оган од Светите места. Поради Ковид-19 и мерките на израелските власти, во авионот се наоѓала бугарската црковна делегација, а благодатниот оган го донел амбасадорот на Бугарија во Израел Румјана Бачварова. На аеродромот во Софија тие беа пречекани од митрополити и свештени лица од сите епархии на Бугарската православна црква, кои ќе земат дел од светиот оган за своите епархии. После тоа црковната делегација ќе замине во капелата на Синодалната палата во Софија. Меѓу 23:30 и 23:40 часот, фенерот со огнот ќе биде изнесен од капелата во Синодалната палата и со литургиска поворка ќе биде пренесен до Патријаршиската катедрала „Свети Александар Невски“, каде ќе се одржи вечерната богослужба по повод Велиден. Свечената богослужба нема да ја води поглаварот на Бугарската православна црква, патријархот Неофит, туку митрополитот врачански Григориј. нк/

Остани поврзан