• вторник, 25 март 2025

Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од Инструментот за реформи и раст од ЕУ за земјава, 24,4 милиони евра за буџетска поддршка

Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од Инструментот за реформи и раст од ЕУ за земјава, 24,4 милиони евра за буџетска поддршка

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - Северна Македонија ги доби првите средства во износ од 52,4 милиони евра, од претфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од ЕУ,  од кои 24,4 за буџетска поддршка и веќе се уплатени на Министерството за финансии. 

- Пристигнаа средствата од претфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од ЕУ за земјава во вредност од 52, 4 милиони евра, односно седум проценти од вкупната вредност на финансиската поддршка која за нашата земја изнесува 750 милиони евра. Оваа исплата е врз основа на барањето за предфинансирање за кое во ноември лани известивме дека како национален координатор за реформската агенда го потпишав и го доствавивме до ЕК. Со ова, Северна Македонија стана првата земја во регионот која ги доби овие средства откако претходно ги заврши правните процедури, а тоа значи дека Договорот за заем и Договорот за грант се веќе стапени во сила, информира денеска на прес-конференција министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Втората важна вест поврзана со Реформската агенда, како што додаде министерот Муртезани, е што на 14 март, годинава, до ЕК во предвидениот рок земјава го доставила првото барање за ослободување на дополнителни средства во износ од 17,1 милиони евра за имплементација на реформските чекори со краен рок декември 2024 година, кој што потоа беше продолжен од страна на ЕК до февруари 2025 година. Овие реформи вклучувале: усвојување на Закон за јавна внатрешна финансиска контрола, донесување на подзаконски акти од Законот за буџети, операционализација на структурите за праведна танцизиција и донесување на План за 2025 година, измени во Законот за трговски друштва во делот на критериуми за избор на членови во надзорни и управни одбори и во делот на правосудството поплнување на испразните места во судството и обвинителството.

Од 17,1 милиони евра, 7,96 милиони евра се за директна буџетска поддршка, а останатите 9,11 милиони евра за инвестициски проекти преку заедничкиот фонд на инвестициската рамка за ЗБ.

- Овие средства ќе бидат достапни, откако Комисијата ќе заврши со оценката за исполнувањето на реформите за што на располагање има 90 работни дена, истакна Муртезани.

На новинарско прашање министерот за европски прашања истакна дека од сумата од 52,4 милиони евра 24,4 се веќе легнати на сметката на Министерството за финансии во Народната банка, 15 милиони се грант и се префрлени во Инвестицискиот фонд за ЗБ (WBF), а останатите 13 милиони евра се заем и се во процедура на исплата, а се исто така префлени во Инвестицискиот фонд за ЗБ. вг/нд/

Фото: принтскрин   

Остани поврзан