• понеделник, 23 декември 2024

Принцот Филип на својот 99. роденден првпат пред јавност од јануари

Принцот Филип на својот 99. роденден првпат пред јавност од јануари
Лондон, 10 јуни 2020 (МИА) - Британскиот принц Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, се појави денеска, на неговиот 99-ти роденден, првпат во јавност од јануари досега. По повод неговиот роденден, беше објавена фотографија од него и кралицата, направена на 1 јуни пред замокот Виндзор. Принцот Филип и неговата пет години помлада избраничка „изгледаат добро и се држат мирно без ничија помош“, како што е соопштено. На фотографијата, кралицата носи фустан од нејзината лична дизајнерка Енџела Кели, со дијамантски брош, додека принцот Филип носи темно син костум и црвено-црна вратоврска. Кралицата и принцот живеат во замокот од почетокот на пандемијата и не се среќаваат со семејството, почитувајќи ги мерките за физичко растојание. Бакингемската палата не објави како принцот ќе го слави роденденот, туку само соопшти дека тоа ќе биде приватна свеченост во замокот Виндзор. Кралицата Елизабета и принцот Филип се единствената кралска двојка што ја обележа својата „платинеста годишнина“ од свадбата во поновата историја. Имено, во 2017 година, тие  прославија 70 години брак. си/гт/

Остани поврзан