• петок, 22 ноември 2024

Примероците од водата во реката Сена засега не ги исполнуваат стандардите за олимписките натпреварувања

Примероците од водата во реката Сена засега не ги исполнуваат стандардите за олимписките натпреварувања

Париз, 21 јуни 2024 (МИА) - Примероците од водата во Сена засега не ги исполнуваат стандардите за Летните олимписки игри, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз, изјави регионалниот префект Марк Гијом, но додаде дека тој се уште е убеден дека ќе бидат можни олимписки натпреварувања на вода.

Тој изјави дека според примероците на вода од 16 јуни - месец и половина пред Олимписките игри (ОИ), Сена била премногу загадена според критериумите утврдени за натпревари на вода.

Властите во Париз и поширокото подрачје соопштија дека зголемувањето на нивото на водата поради дождливото време, при што материјалот од бреговите стигнува до реката, придонел за зголемување на концентрацијата на загадувањето, особено на бактеријата ешерихија коли во вода.

„Квалитетот на водата е деградиран поради неповолниот хидролошки и метеоролошки контекст - дожд, голем проток, малку сонце, температури неусогласени со сезонскиот стандард“, велат надлежните, додавајќи дека високиот проток на надојдената река поради дождот го прави не го подобрува квалитетот на водата.

Сена е „ѕвездата“ на ОИ, бидејќи покрај неа ќе се одржи свеченото отворање, а потоа на неа ќе се одржат и натпреварувања.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго неодамна изјави дека од 15 јули ќе се капе во Сена. рп/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан