• понеделник, 18 ноември 2024

Прилеп ќе ги добие првите асистенти за помош на болните од Алцхајмерова болест

Прилеп ќе ги добие првите асистенти за помош на болните од Алцхајмерова болест

Прилеп, 14 февруари 2021 (МИА) - Прилеп ќе ги добие првите лиценцирани асистенти за помош на лицата болни од Алцхајмерова болест. Во прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“ во тек е обуката, или школата завозрасни за 12 лиценцирани негуватели за оваа болест и за други деменции.

Според Антигона Димеска, стручен соработник на проектотна УНДП, што го спроведува средното училиште, ова е прва обука за лиценцирањена првите 12 асистенти за штитениците на алцхајмеровата болест. Обуката, која почна на 20 јануари, треба да заврши до крајот на април.

- Имаме 250 часа, од кои 30 отсто теоретска, а 70 практична обука во инситуции. Дванаесет кандидати следат настава со физичко присуство со запазување на сите мерки за претпазливост и заштита.Освен во медицинското училиште каде се одржува наставата, кандидатите треба да одат во соодветни установи за практичниот дел од обуката. Станува збор за асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест, болест на современиот начин на живеење. Глобална проблематика е, но најприсутна е воземјите во развој. Најмногу се јавува кај лицата од 65 години и повеќе. На тие лица секогаш им треба некој кој треба да се грижи за нив. Затоа е оваа, економија на грижа на стари лица која обучува кадар, ова е школа за возрасни.Тие може да бидат дел од семејствата каде има болни од алцхајмер или од другивидови на деменција за да им помогнат на семејствата. Секако за тоа ќе си добиваат надомест. Идните асистенти ќе добијат меѓународно признат сертификат, објаснува Димеска.

Ова образование на возрасни има пет модули. Преку првиот модул, идните асистенти се запознаваат со болеста, во вториот модул е опфатено запознавање со институциите за нега и грижа на болните од оваа болст, во третиот се опфатени личната хигиена, исхраната на болното лице, негата и сето она за што треба да се води сметка за штитениците со деменција илиалцхајмерова болест. Четвртиот дел се однесува за помошта и поддршката, апетиот модул на обука опфаќа комуникација, интеграција во средината наштитеникот за да може да функционира во општество.

Благица Андоноска е дипломиран економист, еден од 12-те идни асистенти, која има искуство пет години и се грижела за својата мајка со Алцхајмерова болест. Ангажирнао било целото семејство и знае како е да сегрижиш за најблискиот кој е беспомошен. Таа вели затоа сака да помага.

-Дојдов на оваа обука поради мојата мајка којаболедуваше од алцхајмерова болест. Многу е прогресивна, болест е на мозокот. Сегубат говорот, контактот со стварноста. Страшно е што немаше лек. За брзо времебеше фатална болеста за мојата мајка. За оваа болест потребни се голема нега,хуманост од целоото семејство, бевме сите ангажирани и сакам во иднина да импомагам, да се грижам за вакви лица. Тие се беспомошни и мора друго лице да јаврши негата. пет години се соочувавме со болеста, мојот татко не сакаше да јапрати во старски дом и ние се грижевме. Се соочувавме сите со болеста, еднаш сеобиде да избега, две и пол години не беше комуникативна. Тешко е најблискот даго гледаш беспомошен. Затоа сакам да им помагам на другите лица со оваа болест,објаснува Андоноска. Според неа многу е битно да с еотворат старски домови заовие лица.

-Најбитно е, ми се чини, да се отворат нови старскидомови, да има грижа за вакви лица, кадар, би требало да има. Има социолоци,психолози, медицински лица, лекари. Само треба желба, потенцијал да се отворатнови старски домови, бидејќи има многу стари лица кои се оставени сами на себесо оваа болест и со други болести за кои семејствата не може да се грижат. Илисе во странство, или по цел ден се на работа, вели Андоноска.

Новите, први лиценцирани асистенти за помош наболните од алцхајмерова болест обуката ќе ја завршат кон крјаот на април за дасе стекнат со меѓународните лиценци.

Ова е дел од проект на УНДП. Инаку, УНДПформираше тимови кои заедно изготвија специјализирана програма по ситестандарди во сферата на образованието заедно со ЦОВ и ЦСОО и програмите за Асистент на Алцхајмерова болест и палијативна нега се верификувани и признаениод МОН како образование за возрасни. На јавниот повик се пријавија кандидатичија селекција ја направија тимовите на УНДП преку интервјуа за нивната желба, мотивација, цел на пријавување.

Тимот од здравствената струка на прилепското средно училиште „ЃорчеПетров учествуваше и воизготвувањето на специјализираната програма и е спроведувач на обуката. Се смета дека во земјава живеат околу 20 000 лица соАлцхајмерова болест, а заедно со другите деменции - бројката е двојно поголема.ем/фф/

Остани поврзан