• петок, 22 ноември 2024

Прилепските пензионери ги продолжуваат протестните собири за линеарно зголемување на пензиите

Прилепските пензионери ги продолжуваат протестните собири за линеарно зголемување на пензиите

Прилеп, 7 август 2023 (МИА) - Прилепските пензионери ги продолжуваат протестните собирања во центарот на градот пред Здружението на пензионерите. Тие не отстапуваат од барањето за линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите кое ќе значи достоинственост, особено за сите со ниски примања.

- Ние остануваме на нашето барање за линеарно зголемување на пензиите од по 3 500 денари. Велат дека не било можно, ама имаше линеарно за време на здравствената и економска криза од по 1000 денари. Немаме против никого, ама не може да се живее на недостоинствен и сиромашен начин, вели Верче Јанческа, пензионерка.

Пензионерите се револтирани од тоа што немаат поддршка од раководството на прилепското здружение на пензионерите и бараат смена на раководството во кое се сомневаат и за нивните уплати во време на пандемијата.

Пензионерите денеска собираа и потписи и со барањето за линеарно зголемување на пензиите ќе го достават до претседателството на Здружението на пензионери на Македонија, до Владата и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. ем/ир


Фото: МИА

Остани поврзан