• петок, 05 декември 2025

Признанија за најдобрите ученици од Општина Илинден

Признанија за најдобрите ученици од Општина Илинден

Скопје, 13 јуни 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, приредил прием за учениците од општинските основни училишта кои освоиле високи места на државните натпревари и им доделил признанија за постигнатите резултати.

-Градоначалникот им ги честиташе успесите на учениците и нивните ментори и истакна дека е горд што има голем број наградени ученици од општина Илинден. Тој додаде дека локалната самоуправа посветено цели да ги промовира и поттикнува постигнатите успеси и достигнувања на учениците од општината, соопшти Општина Илинден. 

Информира дека на вкупно 20 ученици и нивните ментори и годинава им биле доделени признанија за постигнатиот успех, „како  признание за трудот на наградените, но и мотив за останатите“.

Учениците се наградени за високи достигнувања на државните натпревари по македонски јазик, англиски јазик, биологија, природни науки, како и на натпреварот по Информатичко размислување. хс/

Фото: Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан