• понеделник, 23 декември 2024

Признание од МНР за поранешниот специјален претставник на ЕУ, Ален Ле Роа

Признание од МНР за поранешниот специјален претставник на ЕУ, Ален Ле Роа
Скопје, 1 јули 2021 (МИА) - На маргините на Преспа форумот за дијалог, признание на Министерството за надворешни работи доби поранешниот специјален претставник на ЕУ, Ален Ле Роа, по повод 30-годишнината на независноста на Република Северна Македонија, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на неговиот ФБ профил. - Амбасадорот Ле Роа е поранешен специјален претставник на ЕУ, во исклучително важен период за нашата држава, почетокот на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор. Во оваа насока, признанието за неговата улога му ја предаде господинот Али Ахмети, напиша шефот на дипломатијата Османи на неговиот ФБ. цр/дма/

Остани поврзан