• сабота, 01 февруари 2025

Приемен ден со граѓани во Општина Кисела Вода

Приемен ден со граѓани во Општина Кисела Вода
Скопје, 12 март 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денеска одржува приемен ден со граѓани, на кој, како што информираат од Општината, ќе ги слушнат сите забелешки, сугестии и идеи што треба да го подобрат секојдневното живеење. Ѓорѓиевски, се вели во соопштението, директно ќе разговара со 30 жители околу можните решенија за проблемите што ги засегаат. Од Општината, информираат дека приемните денови ќе продолжат, со закажување на телефон 02/2785-401, каде граѓаните се информираат за датумот и времето на средбата. аа/

Остани поврзан