• недела, 22 декември 2024

Придобивки и недостатоци на новата палеодиета

Придобивки и недостатоци на новата палеодиета

Скопје, 1 авгyст 2024 (МИА) - Палеодиета е современа верзија на исхраната на луѓето кои живееле во палеолитот, т.е. постарото камено доба, односно пред околу 2,5 милиони години.

Во тоа време, луѓето обично јаделе коренест зеленчук, семиња, јаткасти плодови, а како извори на протеини - дивеч, морска храна и инсекти. Денес, при палеодиета, целосен приоритет ќе ѝ се даде на храна побогата со хранливи материи. Според некои истражувања, палеодиетата обезбедува околу 35 отсто калории од јаглехидрати, 35 отсто од масти и 30 отсто од протеини, што се смета за донекаде здрав начин на исхрана.

Храна што е дозволена со палеодиетата:

- Месо: говедско, јагнешко, свинско, пилешко, патка и мисирка; 
- Јајца; 
- Морска храна: лосос, бакалар, пастрмка, сардини, школки, школки и ракчиња; 
- Зеленчук: моркови, слатки компири, зелени плодови, артичока, тиква, блага тиква, аспарагус, и брокула;
- Овошје: бобинки, цреши, јаболка, праски, круши и авокадо;
- Јаткасти плодови и семки: бразилски ореви, макадамија, путер од кикирики без додаден шеќер, семки од тиква, лешници и ореви;
- Одредени масти: маслиново масло, масло од авокадо и вегетаријански јогурт од кокос;
- Билки и зачини: куркума, рузмарин, црн пипер и нане.

Храна што треба да се избегнува, според правилата на палеодиета:

- Житарици: пченица, јачмен, ориз, пченка, овес;
- Мешунки: леќа, црн грав, папуда;
- Млечни производи: млеко, јогурт, путер, свежо сирење и павлака;
- Сокови и засладени напитоци;
- Рафиниран шеќер: бел шеќер, агава, кафеав шеќер и преработена пченка,
- Преработена и препржена храна: чипс, житарици, бонбони и други слични закуски;
- Масла: од соја, пченка, шафран;
- Вештачки засладувачи.

Придобивки од диетата

Палеодиетата е насочена на ограничување на прекумерно обработената храна и додадениот шеќер, на сметка на повеќе свежа и здрава храна. Некои истражувања посочуваат дека палеодиетата е полезна за намалување на нивото на шеќер во крвта и слабеење. Поради тоа што оваа исхрана е богата со зеленчук, мешунки и јаткасти плодови, се користи за губење маснотии, а подолготрјна ситост.

Недостатоци на палеодиетата

Како прв недостаток, според некои познавачи, се наведува тоа што оваа диета исклучува одредени мешунки, млечни производи и зрнеста храна. Овие намирници се здрави и богати со важни хранливи материи како што се влакна, калциум и магнезиум, поради што се тврди дека палеодиетата е непотребно рестриктивна, а може да биде и штетна.

Натаму, може негативно да влијае на здравјето на цревата бидејќи поттикнува помали нивоа на одредени здрави бактерии. Тоа понекогаш, на пр., предизвикува неправилна столица. си/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан