Приведен 64-годишен кавадарчанец, возел со 2,01 промили алкохол во крвта
- Кавадарчанец бил лишен од слобода доцна синоќа поради возење под дејство на алкохол.
Кавадарци, 26 август 2025 (МИА) - Кавадарчанец бил лишен од слобода доцна синоќа поради возење под дејство на алкохол.
-Во 23:20 часот на улица „Гоце Делчев“ во градот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода Н.В., на возраст од 64 години. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал и по преземени мерки, констатирано било дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,01 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај, појаснија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Лицето било задржано во полициска станица. Известен бил јавен обвинител.
- По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, потенцираа од СВР - Велес. свд/
Фото: МИА