• понеделник, 23 декември 2024

Приведен 42-годишен жител од велешкото село Бузалково под сомнение дека подметнал пожар во казино

Приведен 42-годишен жител од велешкото село Бузалково под сомнение дека подметнал пожар во казино

Велес, 18 јануари 2024 (МИА) - Приведен е 42-годишен жител од велешкото село Бузалково кој се сомничи дека попладнево подметнал пожар во казино во Велес. 

- Вечерва во 18 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес, го лишиле од слобода 42-годишниот Д.М. од село Бузлакво, велешко, поради сомнение дека со запалива течност предизвикал пожар во казино во Велес, изјави портпаролката на СВР Велес, Билјана Ѓаковска. 

Тој бил приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител, а по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Пожарот се случил вечерва околу 18 часот во казино во зграда во новиот дел на Велес. Во тоа време во казиното имало вработени и повеќе играчи. Поради густиот чад зградата ја напуштиле сите станари.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека десетина пожарникари од Територијалната противпожарна единица Велес со две противпожарни возила интервенирале  во гасењето на пожарот. ад/дма/

Фото:МИА 

Остани поврзан