• петок, 10 мај 2024

Приведен 38 годишен пехчевец приведен, пронајдена дрога и стари монети во неговиот дом

Приведен 38 годишен пехчевец приведен, пронајдена дрога и стари монети во неговиот дом
Пехчево, 21 април 2022 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Берово приведоа 38 годишен пехчевец, откако во неговиот дом пронашле дрога и стари монети со непознато потекло. Приведувањето, како што се вели во полициското соопштение, е извршено во текот на денешниот ден. - Денеска (21.04.2022) во 08.30 часот во Пехчево, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода С.А.(38) од Пехчево. При претрес во неговиот дом, пронајдени и одземени се марихуана, повеќе исушени листови од растението канабис, дробилка, повеќе семки од растението канабис и повеќе стари монети со различна форма и големина, се наведува во соопштението од ОВР Берово. Триесет и осум годишникот од Пехчево бил приведен во полициска станица по претходна судска наредба. По целосно документирање на случајот против него е најавен соодветен поднесок. вс/цр

Остани поврзан